Објавено на:

САД: Не ја охрабруваме Украина да напаѓа надвор од нејзина територија

t

Соединетите Држави не ја опремуваат ниту ја охрабруваат Украина да изврши напади преку нејзините граници, објави Стејт департментот, откако Украина со нападите врз руските воздушни бази покажа дека е способна да изврши акции на стотици километри длабоко на руска територија.

„Не ја опремуваме Украина да напаѓа преку границите. Не ја охрабруваме Украина да напаѓа преку нејзините граници“, рече портпаролот Нед Прајс.

Тој додаде дека САД ја опремуваат Украина со она што и е потребно за одбрана на нејзината територија.

Киев не презеде директно одговорност за нападите, но ги поздрави. Прајс рече дека нема докази дека нападите ги извршила Украина.

Трет руски аеродром изгоре денеска по напад со беспилотно летало, еден ден откако Украина покажа очигледна нова способност да навлезе стотици километри длабоко во рускиот воздушен простор со напад на две руски воздушни бази.

Русија вчера објави дека беспилотни летала од советската ера ја погодиле воздухопловната база Енгелс, дом на руската флота од масивни стратешки бомбардери и база во Рјазан, на само неколку часа возење од Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…