САД одлучи: Ѓоковиќ сепак ќе може да настапува на УС Опен
Соединетите Американски Држави ќе ги прекинат сите барања за вакцинација против Ковид кога станува збор за влез во земјата, вклучително и за патници од странство, на 11 мај, бидејќи на тој ден во САД завршува вонредната состојба поради корона вирусот, објави Белата куќа.
Претставничкиот дом на САД во февруари гласаше за укинување на барањето повеќето странски патници кои пристигнуваат со авион да се вакцинираат против Ковид, една од ретките мерки за борба против КОВИД кои сè уште се во сила во Америка, според Ројтерс.
Минатиот јуни, администрацијата на претседателот Џозеф Бајден го укина задолжителниот негативен тест за коронавирус за патниците на авиокомпаниите, но препораката на американските центри за контрола и превенција на болести за задолжителна вакцинација за влез во САД остана на сила.
Британската новинска агенција наведува дека поради овие правила најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ прескокнал некои турнири во САД бидејќи не бил вакциниран против Ковид, но дека од 12 мај ќе може слободно да влезе во таа земја и да игра на Мастерс и УС Опен.
Американското Министерство за домашна безбедност, исто така, објави дека од 12 мај, патниците кои влегуваат во САД преку пристаништата нема да треба да се вакцинираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада го забрзува економското оддалечување од САД,…
Канада ќе ги забрза напорите за намалување…
Рубио: САД не сакаат ништо што би…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Честитка од Марко Рубио: САД се горди…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка…
Трамп објави нова мапа на Truth social:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели мапа…
Американската војска тестирала 50 функционери на детектор…
Некои од највисоките американски воени функционери биле…