Објавено на:

САД повторно ставија вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

t

Соединетите Американски Држави денеска повторно ставија вето на предложената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во Појасот Газа, по трет пат од 7 октомври, кога избија борбите околу палестинската енклава.

Од 15 членки на Советот за безбедност на ОН, 13 гласаа за предложената резолуција поднесена од Алжир, додека Велика Британија беше воздржана, пренесе Ројтерс.

„Гласањето за оваа резолуција е поддршка за живеење на палестинскиот народ. Напротив, гласањето против резолуцијата подразбира поддршка за брутално насилство и колективно казнување“, изјави алжирскиот амбасадор во ОН, Амар Бенјама.

Американската амбасадорка Линда Томас Гринфилд денеска изјави дека секоја акција преземена од Советот за безбедност би значело мешање во „чувствителните и тековни преговори“.

„Веруваме дека резолуцијата негативно ќе влијае на преговорите. Барањето итен, безусловен прекин на огнот, без договор кој бара од Хамас да ги ослободи заложниците, нема да донесе одржлив мир. Наместо тоа, борбата меѓу Хамас и Израел ќе продолжи“, рече Гринфилд.

Хамас отфрла каква било понатамошна привремена пауза во воената кампања на Израел и вели дека ќе разговара само за траен прекин на огнот.

Израел инсистира сите преостанати жени и изнемоштени мажи меѓу заложниците да бидат ослободени, изјавил извор брифиран за преговорите, кој одбил да биде идентификуван.

Палестинците осудени за сериозни престапи би можеле да бидат на списокот на затвореници што треба да ги ослободи Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…

„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…