САД предупредуваат: “Касапот на Сирија” може да употреби техника “изгорена земја” во Украина
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека назначувањето на рускиот генерал Александар Дворников, наречен „Касапот на Сирија“, за да ја надгледува војната во Украина е „конзистентно“ со начинот на кој Русија води војна.
Генералот Александар Дворников (60) претходно ги предводеше руските операции во Сирија, каде што руските сили беа обвинети за намерно гаѓање на цивилни области. Тој претходно служеше и во Чеченија.
Говорејќи за Face the Nation на Си-Би-Ес, Саливан рече дека верува оти назначувањето на Дворников е знак дека Русија планира да продолжи со тактиката на „изгорена земја“.
– Видовме бруталност и воени злосторства и масовни убиства и ужасни и шокантни слики од градови како Буча и ракетни напади врз Краматорск, изјави Саливан. – Мислам дека ова (назначувањето на генералот) е показател дека ќе видиме повеќе од тоа.
Москва негираше каква било вмешаност во смртта на цивили во Буча и ги опиша извештаите за расфрлани тела низ тамошните улици како лажни вести.
Но, оценката на Саливан ја повтори и генералот Дејвид Петреус, поранешен директор на ЦИА.
– Русите беа познати во Сирија, во основа по…„депопулација“ на областите. Тоа му го направија на Алепо, изјави Петреус за Си-Ен-Ен.
-Тоа е она што тие го направија со другите области. И мислам дека можеме да го очекуваме тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…