САД: Русија од Северна Кореја најверојатно ќе бара артилерија

t

Русија од Северна Кореја најверојатно сака да набави артилерија затоа што во војната во Украина презачестено ја користи во обидите да се запре украинската офанзива, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Белата куќа.

На брифинг за новинарите денеска тој истакна дека „тоа што рускиот претседател Владимир Путин посега по Северна Кореја за артилерија, и по Иран за дронови, па и градат фабрики за дронови во Русија, зборува многу“.

– Иако рускиот воено индустриски комплекс се уште може да произведува оружје, фактот дека Русија бара оружје од такви места како Северна Кореја покажува дека таа индустрија се соочува со големи проблеми поради санкциите, изјави Кирби.

Советникот за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера посочи за „напреднат тек на разговори“ за договор меѓу Русија и Северна Кореја за снабдување со оружје и дека се планира претстоечка средба на лидерите на двете земјие.

Кирби рече дека САД продолжуват со поддршката за Украина.

На новинарско прашање за осетливоста околу испраќањето муниција со збогатен ураниум на Украина, тој укажа дека овој тип на муниција поседува поголема тежина и е поефикасна во пробивање на оклопни возила.

– Затоа, САД започнаа и ќе продолжат да ја снабдуваат украинската армија со ваква муниција. Муниција со збогатен ураниум користи и Русија во оваа војна, но тоа никој не го напоменува… Ние сакаме украинската армија да биде поефикасна, изјави Кирби.

Во врска со земјите кои ја помагаат Русија со снабдување оружје или со избегнување на санкциите, тој укажа дека „ниту една земја во светот не смее да го помага она што Путин го прави во Украина… и убива Украинци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров пред ОН: Русија нема да направи…

Русија нема да прави „пауза“ во војната…

Американски извор: Вашингтон одбил да ја укине…

САД го одбиле иранското барање за укинување…

Манчевски: Стравот од дата центрите е застарен,…

Дата центрите не се мистериозни постројки што…

Вработени кои се на боледување се сликаат…

Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите…

МВР: За осум месеци 34 помалку загинати…

Податоците од евиденциите на Министерството за внатрешни…