САД: Северна Кореја ќе ја плати цената за испораките на оружје во Русија!
Северна Кореја ќе ја „плати цената“ за секоја испорака на оружје за Русија за поддршка на војната во Украина, предупреди денеска Белата куќа.
-Тоа нема да испрати добра слика на Северна Кореја и тие ќе ја платат цената во меѓународната заедница, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан на прашањето на новинарите за извештаите за „активни дискусии“ меѓу Москва и Пјонгјанг за испораката на оружје.
Њујорк тајмс објави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун планира да ја посети Русија во септември и да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за продажбата на оружје за војната во Украина.
Од Пјонгјанг, Ким најверојатно ќе отпатува со оклопен воз до Владивосток, на рускиот брег на Тихиот Океан, каде што ќе се сретне со Путин, пишува весникот.
Подоцна, портпаролката на Белата куќа изјави дека преговорите за испорака на оружје меѓу Русија и Северна Кореја „активно напредуваат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…