САД се задоволни: Успешно е спречен пристап на Русија до висока технологија
Заедничките напори на Европската унија и САД да го ограничат пристапот на Русија до високата технологија поради нејзината војна против Украина, успеаја во голем обем, изјави денеска американската министерка за трговија Џина Рајмондо.
По враќањето од состанокот на трговските и технолошките совети ЕУ-САД во близина на Париз, таа рече дека санкциите кон Русија „имаат силен и значаен ефект“ и дека на таа земја извозот и е намален за 80 отсто од февруари.
– Во суштина, ние престанавме да испраќаме високотехнолошки производи во Русија, кои им се потребни за нивната војска, рече Рајмондо.
Претставниците на Комисијата на ЕУ и администрацијата на Бајден се согласија дополнително да ги координираат своите активности „со цел да се ублажат негативните ефекти“ од руската војна во Украина врз глобалната економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…