Објавено на:

САД со предупредување за Турција: Да не се проширува воената соработка со Русија!

t

Соединетите Американски Држави ја предупредија Турција да не ја проширува соработката со Русија во областа на одбранбената индустрија, по вчера соопштените најави за нов договор меѓу Анкара и Москва за испорака на руски ракетни системи „С-400″, објави во електронското издание турскиот весник „Сјозчу”.

„Во ситуација кога руската брутална и неоправдана војна против Украина, сега повеќе од кога било од витално значење е сите држави да избегнуваат соработка со рускиот одбранбен сектор”, ја пренесува весникот изјавата на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

„Ќе треба да почекаме и да видиме што ќе се случи, но не ни е познато дали има нов развој на настаните по прашањето”, вели тој.

Прајс не рече дали втора испорака руски противвоздушни ракетни системи „С-400″ ќе ја натера администрацијата на претседателот Џо Бајден да ги преиспита своите планови за продажба на воени авиони од типот „Ф-16″ на Турција.

Руската агенција „ТАСС” вчера го цитираше Дмитриј Шугаев, шефот на руската Федерална служба за воено-техничка соработка (ФСВТС), кој рече дека е потпишан договор за испорака на повеќе противвоздушни ракетни системи „С-400″ на Турција, при што документот исто така предвидува и локално производство одделни компоненти за системот.

Подоцна извори од турското Министерство за одбрана по повод таквата информација појаснија дека не станува збор за нов, туку за спроведување на првично склучениот договор, пренесе турскиот телевизиски канал „ТРТ Хабер”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…