Објавено на:

САД ја помага Украина со нови пет милијарди долари

t

Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека на состаноците во Вашингтон договорени се уште пет милијарди долари помош за Украина.

Шмихал минатата недела се сретна со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Европската инвестициска банка, како и со највисоките американски претставници, за време на пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.

Тој истакна дека на состаноците Украина добила ветувања за дополнителна поддршка од Швајцарија, Данска и многу други земји. Исто така, договорено е американскиот производител на авиони Боинг да ги ослободи украинските компании од обврските од 200 милиони долари.

Се очекува Киев да добие дополнителна поддршка за време на претстојната конференција во Лондон.

Меѓународните партнери не уверија во нивната долгорочна поддршка. Во следните четири години Украина ќе добие вкупна финансиска помош од 115 милијарди долари, вклучително и заемите од ММФ од 15,6 милијарди долари. На Украина и требаат околу 14 милијарди долари оваа година за да ја затвори дупката во буџетот, посочи Шмихал, наведувајќи дека САД ќе обезбедат 2,3 милијарди долари, а Европската унија една милијарда евра

Тој додаде дека се разговарало и за барањето на Украина, САД и другите сојузници да ги покријат трошоците за обнова на Украина од замрзнатите руски средства, кои според неодамнешната процена на Светска банка изнесуваат 411 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…

„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…