Објавено на:

САД ќе продолжи да стои до Македонија: Блинкен ни го честиташе Денот на независноста

t

Во име на Соединетите Американски Држави, им честитам на народот на Македонија за прославата на 31 година од независноста на вашата земја, стои во честитката на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, објавена од американскиот Стејт Департмент.

Блинкен порачал дека Македонија направи голем напредок кон европската интеграција со отворањето на преговорите за пристап во Европската унија оваа година.

-Единството во Европа и стремежот кон нашите демократски вредности се поважни сега од кога било. Соединетите Држави ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, се вели во честитката.

Блинкен укажал дека САД и Македонија исподелуваат демократски вредности и посветеност на човековите права кои стојат цврсти пред глобалните предизвици.

-Соединетите Држави ќе продолжат да стојат со вас додека правите големи чекори кон зголемување на просперитетот на сите ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на вашите демократски институции, порача државниот секретар Блинкен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…