Објавено на:

САД ѝ испраќаат на Украина нови ракетни системи

t

Соединетите Американски Држави и испраќаат на Украина два ракетни система земја-воздух НАСАМС, четири противвоздушни радари и до 150.000 парчиња артилериска муниција од 155 милиметри, дел од најновиот пакет оружје за Украина, објави Пентагон.

Пакет помош вреден приближно 820 милиони американски долари најави во четвртокот американскиот претседател Џо Бајден во Мадрид по средбата со лидерите на земјите членки на НАТО, на која се разговараше за руската инвазија на Украина.

Пентагон даде дополнителни детали во петокот откако најавата стана официјална. Пакетот ќе вклучува и дополнителна муниција за високомобилните артилериски ракетни системи ХИМАРС.

Целта на американското оружје е да му се помогне на Киев, кој се соочува со силно гранатирање од руската артилерија. Русија го зголеми бројот на ракетни напади врз украинските градови откако нејзините сили постигнаа успех на бојното поле во источна Украина во обид да го принудат Киев да ја предаде власта над две отцепени провинции на проруските сепаратисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот советник за национална безбедност: САД има…

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан…

Трамп: Нема веќе подароци за Украина, само…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави…

САД го предупредија Додик: Ако повторно го…

Американската амбасада во Босна и Херцеговина во…

Османи: Ќе работам за укинување на визите…

Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи, вети…

(Видео+документи) Што бара на иста маса Панче…

ВМРО-ДПМНЕ и техничкиот министер за внатрешни работи…