Сали прави чистка: Разрешен шефот на кабинет на министерот за здравство?!

t

Меритон Чивули, шефот на кабинет на актуелниот министер за здравство Беким Сали во понеделникот бил разрешен од функцијата, неофицијално дознава „Фокус“.

Информациите ги потврди и Сали, кој официјално не ги кажа причините за разрешувањето.

Пред неколку месеци „Фокус“ објави дека сега веќе поранешниот шеф на кабинет на дел од директорите на болниците им праќал списоци со имиња и презимиња на вработени Албанци, кои требало да се стават на раководни позиции во дел од болниците.

Нашите извори тврдеа дека списоците не се испратени како официјален документ, туку на некои од апликациите како „whatsapp“, преку кој била испратена порака и цел список со имиња и презимиња на вработени Албанци, кои требало да се стават како раководители на одделенија и главни сестри. Станува збор за веќе вработени внатре во болниците.

Многу низок е опфатот на Албанци на раководни позиции во болницата“, гласела една од пораките.

Сепак, дел од директорите се уште го пролонгираат времето, па со тие со кои разговараше „Фокус“ тврдат дека на некој начин од тие причини се соочуваат со одредени притисоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија има повеќе болнички кревети на 100…

Во Европската Унија во 2024 година имало…

Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…

По 10 години се ажурира листата на…

Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…

Христовски: Ќе се прави студија како работат…

Во план е студија околу тоа како…

Владата планира да набави 100 амбулантни возила…

Директорот на Службата за општи и заеднички…