Сали, Чупи, Нуредини и Димитровски побарале апанажа

t

Поранешните министри за здравство и за дијаспора Беким Сали и Џемаил Чупи од Алтернатива, како и поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини од ДУИ и заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски од ДС уште една година ќе земаат плата ако собраниската Комисија за избори и именувања им ја одобри апанажата. Неофицијално дознаваме дека четворицата ексфункционери веќе доставиле до собраниската комисија барања за апанажа. Карактеристично е дека тие ќе бидат последните функционери кои поднеле оставка или биле разрешени, а кои ќе примаат апанажа, бидејќи Уставниот суд неодамна ја поништи одлуката функционери на кои предвреме им завршил мандатот да примаат апанажа.

При неодамнешната реконструкција на Владата двајца министри – Нуредини и поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски поднесоа оставки, како и замениците министри за здравство и за правда Александар Рендевски и Агим Нухиу. Нухиу сега е заменик министер во ресорот образование.

Тројца министри и тоа за здравство, информатичко општество и администрација и за дијаспора, Беким Сали, Адмирим Алити и Џемаил Чупи беа разрешени, а Собранието разреши и тројца заменици министри и тоа Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу.

Нуредини за „Слободен печат“ неодамна изјави дека побарал апанажа и дека парите ќе ги донира на добротворна организација.

Дека побарал апанажа ни потврди и ексминистерот за дијаспора Чупи. Тој вели дека откако не успеал засега да се врати на работното место професор на Универзитетот во Приштина решил да побара апанажа.

Уставниот суд неодамна го укина членот 22 од Законот за плати и други надоместоци на избрани и именувани функционери. Членот 22, кој е укинат, предвидуваше функционерите, пратениците и раководните лица што дале оставка или биле предвреме разрешени од функцијата, да ги имаат истите права како и сите други функционери, во тие рамки и правото на апанажа.

Законот за плата и другите надоместоци на пратеници во Собранието и другите избрани и именувани лица предвидува пратеник и други функционери да може да остваруваат плата и по престанувањето на мандатот за време до една година, и тоа: три месеци ако мандатот на функционерот траел до шест месеци, шест месеци доколку мандатот траел од шест месеци и еден ден до 12 месеци, девет месеци ако мандатот траел од 12 месеци и еден ден до 24 месеци, и 12 месеци ако мандатот на функционерот траел 24 месеци и еден ден и повеќе. Надоместокот е во висина на платата што ја примал функционерот.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општините и училиштата нетранспарентно ги издаваат спортските…

Спортските објекти се издаваат на користење на…

БОМБА: СИТЕ МИНИСТРИ НА ДУИ ПОДНЕЛЕ ОСТАВКИ…

Сите министри од ДУИ денеска испратиле писмо…

Сали, Чупи, Нуредини и Димитровски побарале апанажа

Поранешните министри за здравство и за дијаспора…

Најчевска за фудбалот на министрите на ДУИ:…

Професорката Мирјана Најчевска ги критикува министрите од ДУИ, откако…

Денеска продолжува собраниската расправа за избор на…

Во Собранието пратениците денеска напладне продолжува дебатата…