Самоил добива царски саркофаг од мермер од Македонија со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
Саркофагот во кој во Бугарија треба да бидат положени посмртните останки на цар Самоил е изработен од бел мермер од околината на Прилеп, во Северна Македонија. На капакот е врежан натписот „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“, објави Бугарската национална телевизијa.
Саркофагот се изработува во каменорезачка работилница во Велинград. Покрај натписот, на него се врежани повеќе христијански и средновековни симболи поврзани со Самоил и неговото време.
На капакот се наоѓа крст направен според симболот на надгробниот камен на таткото на Самоил. Под натписот се прикажани две стилизирани птици, мотив преземен од ткаенина за која се смета дека била дел од погребната облека на Самоил, а денес се чува во Музејот на византиската култура во Солун.
Според бугарскиот археолог Људмил Вагалински, станува збор за скапа свилена ткаенина проткаена со златни нишки, каква што во почетокот на единаесеттиот век можеле да носат владетели. Тој оценува дека двете птици можеби претставувале династички симбол.
На страните на саркофагот се врежани и христограм, Архангел Михаил, црквата „Свети Ахил“ меѓу два пауна, како и претстава на Самоиловата тврдина. Дел од украсите се инспирирани од средновековни камени релјефи кои во Бугарија се поврзуваат со времето на Првото Бугарско Царство и со владеењето на Самоил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите…
Новите сајбер-напади врз фрижидери во супермаркети во…
Дарко Костовски му одговори на Зијадин Села:…
Зијадин Села напишал Бутел бил следен. Да,…
Славески најави шалтер во Алта банка за…
Лимитот од 10 000 денари за повлекување…
Иран предлага забрзан договор: Ормускиот Теснец би…
Иран продолжува да разменува пораки со Соединетите…
Миноски: Најдобро решение е Алта банка да…
Продажбата на Алта банка на поголема домашна…