Само Нуредини барал апанажа, ама за да донирал пари

t

Поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е единствениот екс функционер кој до денеска побарал апанажа. Претседателката на собраниската Комисија за избори и именувања Марија Георгиевска потврди за „Слободен печат“ дека е стасано само едно барање за апанажа и тоа од Нуредини. Ексминистерот за „Слободен печат“ вели дека парите од апанажата ќе ги донира на добротворна организација.

Побарав апанажа, но парите кои ми следуваат ќе ги донирам на добротворна организација, бидејќи за жал во Македонија има многу на кои им треба помош. По оставката од министерската функција се уште не сум одлучил каде ќе го продолжам мојот професионален ангажман. Сега извесен период ќе се посветам на семејството, изјави Нуредини за весникот.

На ексминистерот му следува да прима една година апанажа, бидејќи функцијата ја извршува од 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…

Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…

Ирански претставник: Преговорите со САД завршија

Хасан Кашкави, портпарол на Комисијата за национална…

Пронајдено тело на машко лице по гаснењето…

Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна…

Бугарската опозиција бара оставка од шефот на…

Пратеничката група на „Демократска Бугарија“ бара оставка…