САМО ПРЕД ДВА ДЕНА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО НЕА: Ова е последната објава на Навални и тоа со сопругата на која и посвети зборови
Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој отслужуваше затворска казна на крајниот север на Русија, почина денеска. Тој комуницираше со пријателите и колегите преку социјалните мрежи. Последната објава пред два дена беше посветена на неговата сопруга.
„Душо, кај тебе сè е како во песна: Меѓу нас се градови, светла за полетување на аеродромите, сини снежни бури и илјадници километри. Но, чувствувам дека си блиску секоја секунда, а јас те сакам се повеќе и повеќе“, пишувало покрај фотографијата од Навални и неговата сопруга.
Објавата пред тоа датира од 1 февруари. Потоа рече дека му се допаѓа идејата на претседателските избори да дојдат на гласачко место напладне сите гласачи против Путин.
Тогаш порача дека му се допаѓа идејата на претседателските изборисите гласачи против Путин да дојдат на гласачко место напладне.
„Напладне против Путин. Тоа може да биде силна демонстрација на расположението во земјата. Вистинските гласачи против измисленото електронско гласање“, рече тој, додавајќи дека „најважно е тоа што ќе биде вистинска серуска протестна акција“.
https://www.instagram.com/p/C3UnRhRtVN4/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кремљ не сака ЕУ да биде на…
Москва не гледа никаква конкретна корист од…
Претседателот на Латвија предвидува можна пресвртница во…
Војната на Русија против Украина би можела…
Танкер за нафта експлодира во Ормуската Теснина
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…
Вишеградски бунт: Фицо, Туск, Бабиш и Маѓар…
Премиерите на земјите од Вишеградската група (В4)…
Сериозен сајбер напад се случува на секои…
Сајбер криминалот станува сè поголема закана за…