Само спокојно: Според Владата нема проблем со скандалозниот оглас во М-НАВ!

t

Владата на денешната 102 седница го разгледа Извештајот на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје во однос на процесот за селекција и обука на кандидати за контролори на летање.

Контроверзниот оглас доби внимание во јавноста откако синдикатот на М-НАВ откри дека откако отпаднале деца на видни вработени и функционери на М-НАВ, пред сè на кадрите од ДУИ, се барале начини како да се спречат други кандидати да го поминат конкурсот. Според синдикалците, положиле 13 кандидати, од кои тројца Албанци кои навистина покажале добри резултати, но тоа не биле „децата“ што требало да поминат, па менаџментот сакал да се поништи конкурсот, спроведен под контрола од Данска.

„Данците рекоа дека е џабе што ќе влезат овие 30 кандидати, зашто со покажаното знаење нема шанси да го поминат главниот FEAST-тест, за кој М-НАВ плаќа по 2.000 евра по лице. Тоа и се случи. Овие пари од буџетот на М-НАВ се потрошени за ништо, зашто тие не го поминаа елиминацискиот тест на Еуроконтрол“, изјавија од синдикатот.

Откако се прочу за скандалот, беше одлучено резултатите од првиот тест да бидат признаени, а на обука да одат кандидатите кои покажале најголем успех. Ова беше доволно за Владата денеска да заклучи дека веќе нема никаков проблем со огласот за контролори на летање во М-НАВ.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата денеска биле образложени активностите спроведени од М-НАВ во однос на процесот за селекција и обука на кандидати за контролори на летање согласно јавниот оглас.

– Од страна на претставниците на М-НАВ АД Скопје беше информирано дека постапката е реализирана согласно законски утврдени процедури, дека селектираните кандидати, кои се и вработени во М-НАВ АД Скопје, имаат положено селекциски тестови според меѓународни стандарди, а за нивната професионална стручност зборува и фактот што по положените тестови, може да конкурираат за работа и во која било друга странска држава, се наведува во соопштението.

До Владата биле доставени и информации за утврдување на потреба за регрутирање и селекција на кандидатите, при што е посочено дека е согласно Годишниот план за работа на М-НАВ АД Скопје и Планот за јавни набавки на М-НАВ за 2022 година, како и за спроведувањето на јавната набавка и склучениот договор со економскиот оператор „GATE Aviation Training APS” од Данска, за селекција, почетна обука и обука за ADI TWR рејтинг за осум кандидати за контролори за летање.

– Беше објаснето дека регрутацијата и селекцијата на кандидати за контролори на летање е реализирана согласно донесениот Акционен план, со цел, како што беше објаснето, овозможување на сите инволвирани поедноставно следење на временските рамки на процесите поврзани со регрутација и селекција на кандидати за контролори на летање, се додава во соопштението.

На седницата се доставени и информации околу објавувањето јавен оглас и селекцијата на кандидати за контролори на летање, за што бил изготвен временски план и била спроведена селекција во соработка со ангажираниот економскиот оператор од Данска, со доставување предлог ранг листа на најуспешни кандидати, околу тестот за претселекција и тестирањето со FEAST тестот (First European Air Traffic Controller Selection Test), пришто FEAST II тестот и потоа FEAST III тестот го положиле тринаесетмина кандидати.

– Од нив, како што е информирано, за осумтемина кои се стекнале и со лекарско уверение, биле дадени насоки за вработување и нивно упатување на школување, се наведува во соопштението од владината седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада –…

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата…

Бугарија ќе добие нова Влада: Марија Габриел…

Бугарија ќе добие нова Влада. Идната бугарска…

Автопатот Кичево-Охрид ќе ја чека новата Влада…

Новиот договор за доизградба на автопатот Кичево…