Само 22 ученици се запишале во гимназијата „7 Март“ во Тетово

t

Во гимназијата „7 Март“ во Тетово, во двата уписни рокови се запишале само 22 ученици, додека третиот рок е на 21 август. Од ова училиште очекуваат бројот на ученици да се зголеми за да се пополнат осумте паралелки, земајќи го предвид фактот дека и бројот на поени е намален од 60 на 50. Во централната гимназија и во медицинското училиште, бројот на ученици е веќе пополнет, пишува ТВ21.

-Врз основа на дозволените поени, кои се намалија од 60 на 50, бројот малку се зголеми. Се надевам дека во августовскиот рок, односно на 21 август, тој број ќе порасне и ќе имаме значителен број ученици, со што нашето училиште ќе може да функционира со планираните паралелки – осум паралелки. Сметам дека минимум треба да имаме по 20 ученици во паралелка, и мислам дека тоа е минимален услов и за нас да функционираме како и сите други училишта, изјави Исмаил Влаши, директор на гимназијата „7 Март“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

При контрола во угостителски објект во Тетово,…

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…

Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…

Ова е сликата и светот низ кои…

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…