Само 23 приватни фирми во Македонија имаат над 1.000 вработени
Производителот на специфични кабелски сетови за автомобилската индустрија, „Дрекслмајер“, минатата година бил најголемиот приватен работодавач во Македонија со просечно речиси 6.000 вработени (5.896), покажува анализата на порталот „Пари“ во соработка со „БизнисМрежа“.
Компанијата лани го истиснала „Кромберг и Шуберт БТ“, кој се занимава со комплексни системи за ожичување во автомобилската индустрија, која во претходната година била на првото место со 6.858 вработени.
Третиот најголем работодавач, „Амфенол технолоџи“ од Кочани, има значајно помал број на вработени – 3.053, што е за 10,6 проценти повеќе отколку во 2023 година. „Дрекслмајер“ и „Кромберг и Шуберт“, пак, лани го намалиле бројот на вработени – „Дрекслмајер“ за 6,4, а „Кромберг и Шуберт“ за дури 16,7 проценти.
Кај стоте најголеми работодавачи има вкупно 88.281 вработен, што е повеќе отколку во 2023 година, кога сите овие компании заедно вработувале 86.454 работници. 23 приватни фирми во земјава имаат над 1.000 работници. Меѓу нив се и „Кромберг и Шуберт СК“, „Таскфорс“, „Гентерм“, „Алкалоид“ и „Макпетрол“, пишува „Пари“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15.000 потписи за електронски алки за насилниците…
Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Мерц се закани со блокада на буџетот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…