Санкции за возачите и пешаците: МВР со полни раце работа изминатото деноноќие

t

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 195 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 58 мерки за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за непрописно престројување, четири мерки за возач почетник, 45 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…