Санкционираната група Вагнер се смета за приватна паравојска на Путин: Дали имаат задача да го убијат Зеленски?
Велика Британија најави 65 нови санкции за руски компании и олигарси, а меѓу санкционираните е и таканаречената Вагнер група.
Станува збор за група платеници која првпат беше идентификувана во 2014 година, кога ги поддржуваше проруските сепаратисти во конфликтот во источна Украина.
Оттогаш, таа е вклучена и во други региони, вклучувајќи ги Сирија, Мозамбик, Судан и Централноафриканската Република.
Паравоената група е опишана како приватна војска на Владимир Путин, објави Би-Би-Си.
Разузнавачки служби предупредуваат дека групата има задача да го убие украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, при најавата на новиот пакет санкции, ја опиша групата како „најмени насилници”, велејќи дека тие, заедно со олигарсите и бизнисите, се „соучесници во убиствата на невини цивили”.
Дел од медиумите пишуваат дека е финансирана од Евгениј Пригожин, богат бизнисмен со блиски врски со Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…