Санкционирани 120 возачи за брзо возење, 72 за возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во поглед на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 773 платни налози.
Во рамки на веќе континураниот актуелен статистички тренд по однос на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму најбројни се случаите на непрописно паркирање 225, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 120, а вчера е забележан и прилично висок број на прекршоци по основ на недавање на првенство на минување 51.
Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, а прекршочни пријави заработиле 8 пешаци. За неносење сигурносен појас изречени се 69 санкции, 42 мерки за користење мобилен телефон, а во 72 случаи откриени се возачи што управувале возила без возачки дозволи.
Согласно Законот за возила од сообраќај се исклучени од сообраќај 21 нерегистрирано возило како и седум технички неисправни возила.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма во Гази Баба: 59-годишен скопјанец натепан…
59-годишен скопјанец пријавил физички напад од страна…
Инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра: Киел…
„Киел Македонија“, која е дел од германската…
Драматичен апел на Зеленски: Го забавија „Старшилд“,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Савески за Алта банка: Секоја кривична пријава…
Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична…
Сведок: Обвинетите полицајци од Пробиштип биле испратени…
Полициските службеници Мартин Арсовски и Дарко Милошевски…