Сарај доби нов градоначалник, еве кој ќе раководи со општината до следните избори
Блерим Беџети, кој се повлече од функцијата градоначалник на Сарај откако му беше верификуван пратеничкиот мандат, денеска соопшти дека со Општината до локалните избори в година ќе раководи Иљал Весели, советник во Советот на Општина Сарај.
„Му упатив честитки на Иљас Весели за мисијата што ја презеде. Исто така, изразив подготвеност за безрезервна поддршка, со единствена цел Општина Сарај да ја одржи динамиката на реализација на проектите кои се од интерес за сите жители на нашата општина“, информира Беџети со објава на својот Фејсбук профил.
Инаку, според новото законско решение од новата владејачка коалиција во Собранието на Македонија, наместо да се организираат избори во општините каде градоначалниците станале пратеници или ќе заминат во новата влада на мандатарот Христијан Мицкоски, до изборите во декември идната година функциите ќе ги вршат в.д.градоначалници.
Таков ќе биде случајот со Општина Гостивар, доколку се потврдат изјавите од коалицијата Вреди дека градоначалникот Арбен Таравари ќе стане министер за здравство. Исто вршител на должноста ќе добие и Аеродром, доколку Тимчо Муцунски стане министер, како што се зборува во политичките кругови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Михајлова немала никакви здравствени проблеми, бегството е…
Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска изјави…
МУ БАРАЛЕ 10.000 ЕВРА И МУ СЕ…
Тројца скопјани на возраст од 43, 35…
Случајот Михајлова ја тресе Неврологија: Барбов призна…
Ива Михајлова воопшто не ми кажа дека…
Ковачевски: СДСМ претрпе сериозен изборен пораз, имаше…
Ковачевски одби да даде одговор на прашањето…
(Документи и докази) Стејт департментот го нотирал…
Американскиот Стејт департмент во својот извештај за…