Саудиска Арабија, Грција и Египет сакаат да организираат Мундијал во зима!?

t

Сите со нетрпение го чекаат почетокот на Мундијалот годинава, кој се игра во необичен термин, односно во декември, а нешто слично би можело да се случи и во 2030 година.

Саудиска Арабија сака да биде организатор на Светското првенство (СП) во фудбал во 2030 година, а нејзини партнери треба да бидат Египет и Грција, додека турнирот би се играл повторно во зима, како и годинава во Катар.

Најголеми конкуренција ќе им биде заедничката кандидатура на Шпанија и Португалија, но се очекуваат и уште неколку земји да се пријават за организирање на Мундијалот.

По СП кое е закажано од 20 ноември до 18 декември, домаќини на големото натпреварување за четири години ќе бидат Америка, Мексико и Канада.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од…

Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт,…

Жена од Пехчево нападната од својот сопруг,…

На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево,…

Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…

Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…