Саутгејт објави со кои ѕвезди ќе ја нападне Македонија
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го објави списокот со фудбалери на „Гордиот Албион“ за претстојните натпревари во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а меѓу нив е и дуелот со Македонија на 19 јуни на „Олд Трафорд“.
Голмани на Англија ќе бидат Сем Џонстон, Џордан Пикфорд и Арон Рамсдејл, додека во одбраната се повикани Трент Александер-Арнолд, Луис Данк, Марк Гуеи, Хари Мегваер, Тајрон Мингс, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипие и Кајл Вокер.
Редот за врска е составен од Џуд Белингам, Еберечи Езе, Конор Галагер, Џордан Хендерсон, Калвин Филипс и Деклан Рајс, а на списокот се наоѓаат уште и Фил Фоден, Џек Грилиш, Хари Кејн, Џејмс Мeдисон, Маркус Рашфорд, Букајо Сака и Калум Вилсон.
Натпреварот меѓу Англија и Македонија се игра на 19 јуни на „Олд Трафорд“ од 20.45 часот.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костовски до советниците од ДУИ и Влен…
Еднаш ќе отсуствувам од седница на совет…
Бугарија ја оданочува домашната ракија и забранува…
Новите даночни измени во Бугарија предизвикаа реакции…
Милатовиќ му одговори на Пленковиќ: Не е…
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ изјави…
Ајде да видиме сега дали ќе крадете!…
Посебно кривично дело за злоупотреби при јавните…
Иран напаѓа?! Сирени за воздушно предупредување, дронови…
Воените бази Лејкенхит, Милденхол и Фелтвел во…