Светска банка: Индиската економија со 6,3% раст годинава
Јужноазиската нација дополнително покажа отпорност во атмосфера на глобални предизвици, според извештајот на Светска банка.
Индиската економија ќе порасне за 6,3% оваа година, според проценките на Светската банка објавени денес.
Според извештајот отпорноста на индиската развојна економија се должи на зголемената домашна потрошувачка и побарувачка, зголеменото инвестирање во јавната инфраструктура и зајакнувањето на банкарскиот и финансиски сектор.
Според индиската агенција за развој полугодишниот извештај за растот на индиската економија кажува дека Индија е најбрзорастечката економија во светот со раст од 7,2% и покрај големите глобални економски предизвици со кои светот е соочен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Стампедо во храм во Индија, загинаа…
Во стампедо во хиндуистички храм во источната…
Индија се откажа од купување на руските…
Индија го откажа договорот со Русија за…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Високи претставници на бизнис секторот од Индија…
Висока бизнис делегација од Индија, составена од…
Индиската претседателка идната недела во посета на…
Во дводневна посета на земјава идната недела…