СВР Тетово заедно со спортските клубови ќе работат на спречување инциденти

t

Претставниците на повеќе спортски клубови од гостиварскиот регион и СВР Тетово, во Гостивар одржаа состанок на кој биле дискутирани обврските за организирање на натпревари, за насилно и недолично однесување на навивичите и спречување на инциденти.

Средбата помеѓу одговорните за превенција и спортските работници е дел од планираните активности „Безбедно лето“, информираат од СВР Тетово.

Претставниците на клубовите поблиску биле запознати со обврските и со предвидените законски санкции.

– На средбата станало збор за законските обврски на клубовите за спречување на насилство на спортски натпревари, за нивните обврски поврзани со организација на домашните натпревари, но и за организирање на навивачите на претстојните гостувања, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Тој нагласува дека основната цел на средбата е да се укаже на превенирање евентуални инциденти на спортските натпревари, кои настануваат заради лоша организација или неспортско однесување на навивачите. Идната седмица ваква средба ќе биде организирана и во Тетово. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

При контрола во угостителски објект во Тетово,…

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…

Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…

Ова е сликата и светот низ кои…

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…