СДСМ: Вистински хаос со ваучерите, никој не виде бенефит од оваа неспособна власт
Се случи дебакл на една неспособна власт која не знае да организира ниту наједноставна мерка, ваучери за електонски уреди за студентите од првиот циклус на студии. – се вели во соопштението на опозицискта СДСМ
Прво им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија. Ги повикаа младите да аплицираат, им праќале потврди, дури им дозволиле и да подигнат уреди, за потоа да им стигне е мејл дека ваучерот не важи. Последните информации објавени во медиумите се дека постдипломци добиле ваучери, иако не им следуваат.
Прашање е дали се направени и намерни злоупотреби?
Срушени системи уште во првата минута, хаотично водена постапка, врати отворени па затворени, потврди испратени па поништени, добиени ваучери без исполнети критериуми, се ова со заеднички именител неспобна ДПМНЕ.
Власта создаде ситуација во која за младите е непознато што ќе се случи со студентите кои веќе земале уред со одобрениот ваучер.
Кој сега ќе преземе одговорност за овој хаос и оваа измама?
Никој не виде бенефит од оваа власт. Не може младите во Македонија да бидат „колатерална штета“ на неспособноста на ДПМНЕ. Младите заслужуваат држава која функционира, не држава која се распаѓа на една мерка со една интернет страница. – додаваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…