СДСМ: Власта увезува странски работници додека дома има 100 000 невработени лица
Владата на Христијан Мицкоски ја отвори вратата за влез на 10 000 странски работници во 2026 година, што е двојно зголемување на квотата во споредба со лани, со што власта реализира план за носење на таканаречени економски работници на штета на домашниот стандард, рече членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска на денешната прес-конференција во партиското седиште.
Според неа, апсурдно е да се носи одлука за увоз на работна сила во услови кога во Македонија сè уште има речиси 100 000 невработени лица. Дополнително, вели, ова кореспондира со пишувањата на британските медиуми на крајот на минатата година, за стратешкиот договор помеѓу Обединетото Кралство и земјава за доаѓање на миганти во Македонија кои би имале можност да добијат работни визи за работа во секотри со недостиг на работна сила.
„Британските медиуми објавија дека согласно овој договор, мигрантите би имале можност да добијат работни визи во Македонија за сектори каде има недостиг на работна сила. Тоа што се подготвуваше, сега започна да се реализира“,вели Младеновска.
Таа додава дека теренот бил подготвен преку измените на Законот за странци, со кои се олеснија условите за престој и работа, се скратија процедурите и се продолжи траењето на дозволите, создавајќи правна рамка за нивно долгорочно задржување.
Младеновска обвинува дека овој потег доаѓа во време кога македонските работници ги имаат најниските плати во Европа, а Владата одбива да ја покачи минималната плата со изговор дека во Буџетот недостигаат пари.
„Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има, но затоа ни доаѓаат ’економски работници‘“ заклучи таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…