СДСМ: Градончалникот на Конче, Златко Ристов, ја вработил сопругата во Градската библиотека во Радовиш
Од Општинската организација на СДСМ Конче, разоткриваат скандал на градоначалникот Златко Ристов, кој партиски си ја вработил сопругата, а во тек на изборниот процес била назначена за Директорка на Библиотеката во Радовиш.
Си ја вработи сопругата во Градската библиотека во Радовиш непосредно пред избори, а во самиот тек на изборниот процес е назначена за Директорка на истата установа. – пишува во фејсбук објавата на СДСМ-Конче
Ваквиот потег отвора сериозни сомнежи за влијание и злоупотреба на службената положба и користење на институциите и партиските врски за лични и семејни привилегии. Наместо објективен и транспарентен избор, библиотеката станува жртва на алчноста и себичноста на градоначалникот Златко Ристов,особено ако се знае и фактот дека откако стапи на функција пред четири години неговата сопруга беше и назначена за член на управен одбор на ЈП Плаваја од каде исто така остваруваше и финансиски надомест, како и заменик директорка на училиштето Орце Николов во Ињево . Дали само неговата сопруга заслужува да биде цело време заменик директорка на едно место , член на управен одбор на друго место за на крај да биде директорка на библиотеката.Прашуваме:Има ли некој осет и граници?
Граѓаните на Радовиш и општина Конче заслужуваат одговор:
Дали ова не е премногу, или е класичен пример на непотизам?
Како е можно во време на избори да се назначува сопруга на градоначалник за директор?
Дали институциите ќе останат неми пред овој скандал?
Радовиш како град,не смее да биде заложник на лични интереси и фамилијарни и партиски врски! – додадваат од ОО СДСМ Конче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…