СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за притисок за ослободување на неговиот брат?

t

СДСМ продолжува да реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој возел со поголема брзина од дозволената на еден скопски булевар, по што се јавувал да ургира да не му пишат казна. Од „Бихаќка“ денеска прашаа дали лично „градоначалникот Стефковски се јавувал во Министерството за внатрешни работи за да изврши притисок за ослободување на неговиот брат?“.

-Граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно раководење, а не злоупотреба на позицијата за заштита на привилегирани функционери, роднини и пријатели на ДПМНЕ.

Тошковски беше принуден јавно да го признае скандалот со братот на Стефковски откако беше фатен жив, но граѓаните не се наивни, знаат дека да не го објавеше СДСМ ќе се криеше и понатаму и никој немаше да биде сканкциониран, стои во партиското соопштение.

Според зборовите на портпаролката на СДСМ на вчерашната прес-конференција, на 20-ти април месецов на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата на радар фатила возило марка „мини-купер“ кое се движело со преголема брзина. Станува збор за автомобил на Далибор Стефковски, брат на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Среде Скопје, братот на градоначалникот „летал“ со 87 км на час иако дозволена брзина е 50. Свиркачи од МВР ни доставија видео-снимка од радарот колку вози Стефковски среде Скопје, рече Кузеска на прес-конференција и го објави видеото. Таа обвини дека се штитат прекршителите само затоа што се од ВМРО-ДПМНЕ и дека нема одговорност за братот на градоначалникот.

Осум дена по сторениот сообраќаен прекршок, братот на Стефковски бил во полициската станица „Пролет“ за да се пријави за казнениот налог. Ова го потврди министерот за внатрепни работи Панче Тошковски кој рече дека на лицето ќе му биде изречена глоба од 300 евра и забрана за управување со возило.

Според Тошковски, фактичката состојба што била утврдена од МВР во случајов е многу постаршна од она што било објавено од Социјалдемократскиот сојуз. Министерот вели дека полицискиот службеник направил две повреди на оперативните процедури и на законот, од кои едната ја оцени како поголема од другата. Тој упати и порака до сите полициски службеници дека се должни да постапуваат согласно законот и согласно стандардните оперативни процедури.

Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи поднесена од пратеничката група Левица. Пленарната седница е закажана во 11 часот. Интерпелацијата е поднесена на 14-ти април поради тоа што, според Левица, Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…