СДСМ: Дојранското Езеро пресушува –хидросистемот Ѓавато не функционира.
Дојранското Езеро пресушува –хидросистемот Ѓавато не функционира.
Дојранското Езеро, едно од нашите најзначајни природни богатства, заштитено подрачје и туристичко место е под сериозна и реална закана поради катастрофалната негрижа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. , вели во прес-конференцијата Љупчо Стојановски
Алармантната е состојба со хидросистемот Ѓавато. Речиси четири месеци водата не тече низ каналот, систем изграден за да го одржува водостојот на Езерото и да спречи негова деградација.
Пумпите кај Богданци се исклучени, делови од системот се уништени, цевководот е во распаѓање, а коритото е целосно неодржувано.
Иако, Министерството за животна средина и просторно палнирање е задолжено да обезбеди финансиски средства во буџетот за 2025 година за реконструкција на хидросистемот, негово ставање во функција за да се обезбеди дотур на вода во Дојранско Езеро.
Од ноември 2024 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја лаже јавноста дека ќе го санира системот. Досега – ништо.
Не е направен ниту еден конкретен чекор.
Последиците веќе се видливи:
Хидросистемот Ѓавато не функционира. Дојранското Езеро нема дотек на вода. Нивото на езерото е под дозволениот минимум. Биодиверзитетот е загрозен. Туризмот трпи штети. Егзистенцијата на стотици семејства е доведена во прашање.
Премиерот Мицкоски, наместо да побара одговорност и да понуди решенија, влезе во јавен конфликт со новинарка која го постави легитимното прашање за состојбата со хидросистемот.
Кого бранеше Мицкоски, дали својот коалициски партнер? Што прави ЗНАМ, ова ли е нивната грижа? Каде е коректорот? Или само бизнисот во Куманово го интересира?
Ова не е прашање на политички односи туку на животната средна.
Затоа СДСМ бара итна и реакција од институции, пред се министерството за животна средни:
-Да се санира веднаш и да се пушти во функција системот Ѓавато.
-Да се воспостави редовен мониторинг за нивото на водата и јавноста да биде навремено информирана.
Секој следен ден неактивност е директен удар врз животната средина, врз граѓаните и врз иднината на регионот.
Не смее да се дозволи Дојранско езеро да стане жртва на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. , се вели во прес – конференцијата на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…