СДСМ до Димитриевски: Максиме, нема бегање од вистината, сè излегува на виделина

t

„Луѓе фатени во корупција ниту може некого да прозиваат а уште помалку да се претставуваат како некаква морална алтернатива. Максиме, нема бегање од вистината, сè излегува на виделина. Тоа досега требало да ти биде јасно. Како што излезе и корупцискиот скандал со златни парцели поврзани со тебе и твојот кум“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Максим Димитриевски.

„Народот чека одговори и бара одговорност. Погледни ги граѓаните во очи и кажи. Како се вртат 350.000 евра преку бизнис зделки во твојата општина?

Максиме, прочитан си до максимум. И од членовите на ЗНАМ и од граѓаните, затоа ти бега членството.

Откако СДСМ ја искористи за личен бенефит, ЗНАМ ја направи само да ти биде алатка за твоите бизнис интереси и лично богатење, параван за твоето слугување кон ВМРО ДПМНЕ. Тоа веќе сите го знаат.

Македонија ќе ја биде кога од политичката сцена ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја користат само за да украдат нешто, макар и еден пар чизми“, додаваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…