СДСМ за аферата „тракторче“: Во чиј џеб завршија речиси 80.000 евра?!
Нова афера со сомнителни јавни набавки со цени над реалните ги тресе градоначалниците на ДПМНЕ, реагираат од СДСМ по објавата на Инфомакс за аферата „тракторче“.
– Според јавно достапни податоци, општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку.
Станува збор за разлика од 47.000 евра!
Иста таква машина набавила и општина Велес по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра.
Прашањето е во чии џебови завршила разликата?
Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола.
Ако е ова шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има одговорност. – велат од СДСМ.
Детали за аферата можете да прочитате на линкот во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…