СДСМ и ДУИ се нервозни: Нивните градоначалници не направија ништо

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека СДСМ се нервозни бидејќи нивните градоначалници немаат ниту еден проект.

Ова е партиското соопштение:

“Почитувани,

Генерално, градоначалникот кажа за техничките детали за проектот, самиот проект што подразбира, што значи овој проект за мештаните, околните жители овде во општина Ѓорче Петров.

Она што мене ме радува е фактот дека и покрај сите проблеми, дел од нив и ги спомена Александар, сепак Општината продолжува да работи на терен, продолжува да ги исполнува ветувањата кои што се дадени пред граѓаните.

И од тука е и нервозата кај нашиот политички конкурент, кога ги напаѓа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. А, имате во Македонија повеќе од 20 градоначалници од СДСМ и од ДУИ, а јас ниту отчет видов, ниту знаеме кој проект го реализираа.

Така што сето тоа кое што денеска претставува напад, сето тоа кое што претставува непринципиелен напад, ние со насмевка мораме да го прифатиме и истовремено да одбиеме што би се рекло на невистините кои што доаѓаат од нашиот политички противник СДСМ.

А, она кое што исто така е важно е во периодот кој што следи и покрај сите предизвици да продолжиме да работиме, да го испорачаме тоа кое што сме го ветиле кај граѓаните, но и да испорачаме повеќе од тоа што сме ветиле на граѓаните. Затоа што мора да покажеме дека не се сите исти и дека ние сме различни затоа што ни претстојат предвремени парламентарни избори кога граѓаните треба да ја дадат довербата на тој на кој што тие мислат. А, ние цениме дека сме многу поконкурентни и многу покомпетитивни, и луѓе кои што држат до зборот и тоа што го ветуваат и го испорачуваат.

Така што срамот ќе си остане кај тие што денеска се гласни, а треба да молчат. А, ние ќе продолжиме да работиме, колку пониско тие удираат толку повисоко ние ќе се креваме.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Груби: Идната Влада ќе ја формира ДУИ…

Вицепремиерот за политички систем,Артан Груби во емисијата…

(Фото) Инцидент: Насилници од ДПМНЕ нападнаа доставувач на храна

Насилници нападнаа доставувач на храна за време…

(Видео) НОВА БОМБА НА ФУРКАН САЛИУ! Втор…

Новинарот Фуркан Салиу денеска објави втор дел…

Петров: Неприфатливо е МТВ да биде партиска…

ДПМНЕ лиферуваат лажни анкети, коишто со документи…