СДСМ: Ковачевски спроведува инвестициски бум во земјоделието

t

Време на светската економска криза не треба да биде време на блокади, туку време кога кога се покажува посветеноста кон доброто за народот. Опозицијата во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ мора да почне да се однесува конструктивно, затоа што во спротивно, ќе ја понесе одговорноста пред 18.000 тутунари, кои ги чекаат субвенциите за тутунот, истакна Гоце Георгиевски, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„И додека опозицијата прави опструкции, директно на штета на граѓаните, Владата продолжува со сите можни механизми да им помогне на граѓаните да се ублажи ударот од светската економска криза. Владата на чело со премиерот Димитар Ковачевски спроведува инвестициски бум во земјоделството. Националниот план за производство на храна ги покажува првите резултати“, вели Георгиевски.

Според него, илјадници хектари слободно државно земјоделско земјиште се става на рапсолагање за повеќе намени, од кои најголемиот дел за производство на стратешките култури. Интервентниот фонд, како што рече, веќе започна со првите исплати, односно за набавено вештачко ѓубре беа исплатени 15 милиони денари на над 1000 земјоделци.

„Се обезбедуваат дополнителни три денари по килограм за оризова арпа продадена во регистрирани капацитети за откуп. Се обезбедуваат три денари по килограм за јаболка предадени во преработувачки капацитети. Се обезбедуваат дополнителни 3.000 денари за женски приплодни грла маторици кои се одгледуваат во одгледувалишта, и исполнуваат услови за биосигурност“, потенцира Георгиевски.

ОД ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека СДСМ секоја година најавува инвестициски бум во земјоделието, а реалноста е дека земјоделците се се` попонижени и попонижени.

„Додека СДСМ со години говорат за аграрни политики, Македонија станува се повеќе увозно зависна за храна. Во услови на двоцифрена инфлација на цените на храната граѓаните едвај си дозволуваат да купат земјоделски производи, а во исто време земјоделците едвај успеваат да најдат пласман на своите производи и достоинствена цена. Тоа е парадоксот со кој се соочуваат земјоделците во Македонија. Земјоделските површини како никогаш до сега стојат необработени, а државата проси масло за јадење, пченица и брашно од соседните земји. Тоа значи дека оваа власт на СДСМ нема никаква аграрна стратегија и план“, велат од опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

Европски систем за правда и целосен ветинг…

Клучна определба во новиот мандат на СДСМ…

СДСМ ги осуди заканите меѓу Мицкоски и…

Претстојните избори се клучни за иднината на…

Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди…

СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока…

Лукаревска: Имаме јасен план за модернизација и…

Нашата определба е европска Македонија, зашто сакаме…