СДСМ: Мерките даваат резултати, се намалува цената на лебот
Владата предводена од СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски во време на најголемата светска енергетска и економска криза, носи навремени и ефикасни мерки, за справување со последиците од кризата, велат од СДСМ.
– Помошта кон домашните компании ги дава и првите конкретни резултати.
Веќе може да се забележи намалување на цените на лебот, кои повторно се враќаат на околу 30 денари.
Овие цени дополнително ќе се намалуваат и со последната мерка за обезбедување на струја по пониска, фискна цена за комапниите коишто произведуваат основни прехранбени производи.
Со оваа мерка се опфатени околу 200 компании од прехранбениот сектор, училиштата и јавните водоводни претпријатија и пречистителни станици, за кои до крајот на април Владата обезбедува пониска, фиксна цена на електричната енергија.
Поевтината струја ќе овозможи стабилизирање на пазарот, и намалување на цените на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.
Истовремено продолжува субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании.
Со СДСМ, како одговорна партија, која се грижи за граѓаните и компаниите, во кризата никој нема да биде оставен сам, веалт од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Европа пред тешка зима: Растат цените на…
Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…