СДСМ: Мицкоски да ги објави приватните сметки за картата и трошоците за синот
Откако СДСМ побара од премиерот Христијан Мицкоски да каже дали на државен трошок во САД го носел синот и по реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ бараат тој да ги објави приватните сметки за картата и трошоците за синот.
– Ако Мицкоски тврди дека приватно го плати патувањето и сместувањето на синот, тогаш треба да ги објави јавно тие сметки, но и Владата транспарентно да ја објави листата од сите кои патувале на државен трошок. Еве шанса на дело да ја покажат транспарентноста која постојано ја повторуваат дека ќе биде основно начело на работење на новата Влада. Ова е најмалку што може да направи Мицкоски, бидејќи за граѓаните е крајно симптоматично што самиот Мицкоски не објави ниту една фотографија од ова патување со синот, туку тоа случајно медиумите и граѓаните го дознаа од објавата на Универзитетот Џон Хопкинс, се вели во соопштението на СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ претходно одговорија дека синот на Мицкоски не бил дел од официјалната делегација и дека сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицкоски.
-Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација. Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…