СДСМ: Мицкоски е лицемер – навечер ги навредува родителите, а наутро вели: „Заедно сме“

t

„Мицкоски е невиден лицемер – навечер ги навредува родителите, нарекувајќи ги политичка партија, а наутро вели „заедно сме“, реагира денеска опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) околу последните случувања и односот на премиерот Христијан Мицкоски со семејствата на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Врв на ароганција и дволичност тоа што Мицкоски ја демонстрира не само кон родителите во Кочани, туку и кон сите граѓани кои се сè уште во шок по трагедијата што ја зави Македонија во црно. На партиски митинг, навечер, од петни жили ги етикетира родителите како партиски инструменти. Веќе следното утро, се обидува да ги правда со празни фрази и декларативна „поддршка“. Очигледно, Мицкоски е изгубен во сопствената реторика — без компас, без стабилност, во постојана внатрешна криза. Кога виде дека со закани не постигнува ништо, премина на манипулација и барање разбирање. Дели лажни ветувања надевајќи се дека ќе го амортизира гневот на народот“, пишува во соопштението од СДСМ.

„Цела Македонија е згрозена. Односот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон трагедијата и семејствата на загинатите е срам за секој што се нарекува лидер. Не поддржа закон за финансиска помош. Не понуди елементарни услови за лекување. Ги заштити од прогон сите негови партиски функционери. Не најде сила да ги погледне луѓето во очи и да се соочи со реалноста пред Собранието. Со еден збор — кукавица. Од луѓе како Мицкоски, кои немаат грам емпатија дури ни во вакви тешки моменти, Македонија не може да очекува ништо добро. За него, манипулациите, поделбите и навредите се алатки за одбрана на личниот рејтинг — наместо да покаже човечност, одговорност и лидерство“, додаваат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…