СДСМ: Мицкоски најавуваше дека за ден или два ќе се справат со пожарите а тие се проширија
Состојбата со пожарите во државата е алармантна и не е под контрола, реагираат од СДСМ.
– Се потврдува неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со пожарите.
Премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека за еден ден или два ситуацијата со пожарите ќе биде целосно ставена под контрола.
Поминаа денови а пожарите наместо под целосна контрола како што најавуваше Мицкоски се проширија.
Фактите говорат дека Владата на Мицкоски задоцни во првичната реакција, дозволија да изгорат 1.000 хектари и целосно потфрли во справување со пожарите, за што одговорност мора да има.
Наместо фрлање лопати, давање изјави со празен ПР, за справување со пожарите е потребна навремена реакција, брза интервенција на терен, добра координација, работа и посветеност.
Изминатите години СДСМ успешно ги менаџираше пожарите секое лето без да се загрози ниту една куќа.
Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери оспособени за гасење пожари, набени беа ведро и симплекс резервоар.
Во континуитет се одржуваше нивното високо техничко ниво, навремено беа ремонтирани и модренизирани.
За катастрофланото справување со пожарите мора да има одговорност. – велат од опозициската партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…
Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…
Фон дер Лајен најави помош од речиси…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Малолетник се здобил со тешки повреди откако…
Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…