СДСМ: Мицкоски повторно колечни пред Гаши кој не го почитува Деловникот за Законот за бранители

t

Согласно Деловникот на Собранието, откако претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вчера не закажа расправа за овој закон во рок од 24 часа, обврската е на Африм Гаши да го направи тоа, реагираат од опозициската СДСМ чија пратеничка Славјанка Петровска го поднесе Законот за бранители.

– Како што Гаши ја закажа за денеска седницата на Комисијата за финансирање и буџет во врска со задолжувањето од унгарската банка, исто така треба да ја закаже и седницата на оваа комисија. 

Дали Мицкоски повторно ќе коленичи и замолчи пред Гаши за игнорирање на Деловникот заради политички причини? Ќе извисат ли бранителите заради спас на Гаши и желбите на ВЛЕН?

Ако Мицкоски вели дека треба дава недвосмислена поддршка за бранителите, еве му можност тоа да го докаже. Нека му се јави на Гаши да го стави Законот на комисиска расправа. – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…