СДСМ: Мицкоски срамно ги брани виновниците за националното понижување во Бугарија
Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците, Силјановска и министрите во неговата Влада, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Ниту министрите, ниту Силјановска не реагирале за националното понижување во Бугарија заради жал за загинати пилоти, „не сакале да создаваат тензија“ вели Мицкоски.
Демек знаеле дека е понижување и бришење под со Македонија ама не сакале да создаваат тензија?
Па фотографиите само со бугарски знамиња тогаш зошто самите си ги објавија? Или и сликите ги објавија и се фалеа заради пилотите?
Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија.
Дилетантизам и неспособност ете тоа го покажуваат Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.
ВМРО-ДПМНЕ нема знаење, нема капацитет и нема одговорност да ја води државата на меѓународно ниво и со нив напредок ќе нема на ниту едно поле“, вели Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…