СДСМ: Народот веќе не му верува, Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон
Скандалот со повлекувањето на Обвинителството во случајот против Максим Димитриевски ја откири целата вистина, велат од Социјалдемократскиот сојуз.
– Максо доби награда од Мицкоски за предавството што го изврши.
Се покажа зошто Димитриевски влезе во коалиција со Христијан Мицкоски? За да се спаси себеси од одговорност и судски прогон.
Тројанскиот коњ е конечно разобличен.
Сите криминали на Димитриевски се под заштита на власта на Мицкоски кој целосно го контролира.
Максим не е коалициски партнер. Тој е декор, инструмент. Политичка маска.
Единственото што функционира во неговиот политички ангажман се бизнис интересите и внатрешните шеми за функции, тендери и влијание. Толку.
Максим Димитриевски не е алтернатива. Тој е измама која граѓаните ја прочитаа и повеќе не му веруваат.
На Куманово ниту на Македонија не и се потребни такви ликови. Ни требаат чесни луѓе, со став, со интегритет, со принципи.
Куманово заслужува повеќе и подобро. Куманово заслужува правда, а не политички пазари со Обвинителството.
Правдата може да биде одложена, но нема да биде избегната. Одговорност ќе има – кога тогаш. – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…