СДСМ најостро ги осудува најавите за панихиди за Мара Бунева
Најавите за панихиди за Мара Бунева во земјава СДСМ ги смета за провокација и најостро ги осудува. Ова денеска го изјави потпретседателката на партијата, Кристина Костова.
-Очекуваме институциите на државата да не дозволат било какви испади или навреди на достоинството и националните чувства на македонскиот народ, ниту пак да дозволат злоупотреба на овие настани за нови тензии, истакна Костова на прес-конференција во седиштето на СДСМ.
Контроверзниот претседател на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој има доживотна забрана за влез во Македонија повика на 12 јануари на собир и панихида за Бунева во црквата Свети Димитриј во Скопје, но и на кејот на Вардар во центарот на главниот град.
Бугарската фондација „Македонија“ лани на својот Фејбук профил објави дека „се горди на 40-тината Бугари што дошле во чест на Бунева за време на антибугарскиот режим во Скопје“. Тие положиле свежо цвеќе на нејзината спомен плоча на кејот на реката Вардар, а по традиција се одржа панихида во црквата Св. Димитар“ во центарот на Скопје, каде што на 13.01.1928 година, Бунева го застрела српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала, а на повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари.
Спомен-плочата и воопшто ликот на делото на Бунева различно се гледа во Македонија. Еден дел македонските граѓани и историчари сметаат дека Бунева како член на ВМРО на Иван „Ванчо“ Михајлов се борела за бугарската кауза и оттука нивните чувства кон спомен-плочата и случувањата околу неа се негативни и ги чувствуваат како националистички провокации од разни пробугарски и бугарски националистички друштва и партии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…