СДСМ не престануваат да се фалат: Го унапредуваме стандардот на граѓаните
Во општина Карпош вечерва се одржа трибина од караванот „Силно и одлучно кон иднината“ на кој се обратија заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска и претседателот на Градската организација на СДСМ Васко Кичевски.
Пред присутните, Лукаревска посочи дека Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ преземаат навремени и конкретни чекори кои го унапредуваат стандардот на граѓаните но и ја обезбедуваат иднината на државата.
– 2022 беше година на соочување со предизвиците од глобалната криза но и на испорачан резултат со антикризни мерки, помош на граѓаните и компаниите. Реализиравме два пакета на антикризни мерки вредни 760 милиони евра со кои им помогнавме на стотици илјади граѓани, но и на илјадници компании. Само со мерката за субвенционирање на струјата до 80% се опфатени сите домаќинства и 72.000 компании. Тие антикризни мерки ја спасија македонската економија. Грижата за граѓаните продолжува и понатаму, со Буџетот за 2023 година во кој се предвидени над 100 милиони евра за нов раст на на пензиите, а ќе расте и минималната плата, рече Лукаревска.
Заменик претседателката додаде дека во Буџетот за наредната година се проектирани 52,3 отсто повеќе капитални расходи во однос на 2022.
-Следната година со овие економски политики преку планираниот Буџет ќе обезбедиме сигурност, стабилност и основа за понатамошен забрзан економски раст. Успешно ќе ја менаџираме кризата и последиците од неа, но и ќе овозможиме закрепнување и раст на животниот стандард, едно закрепнување и нов пат на развој, рече Лукаревска.
По 17 години чекање, ја реализираме и втората страшека цел – започнавме преговори со ЕУ и како држава ќе сториме се, тој процес да го минеме што побрзо, за веќе во 2030 година да станеме полноправна членка на Унијата, порача заменик претседателката Лукаревска.
На трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Карпош присуствуваше и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски со својата сопруга. Претседателот Ковачевски ја следеше трибината и говорите на своите другари и другарки меѓу членовите и симпатизерите на партијата од својата матична општинска организација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…