СДСМ објави список за 50 партиски вработувања во РЕК Осломеј: Масовна и груба партизација
Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци.
Свиркачи до СДСМ доставија интерен список за вработување на 50 лица во РЕК Осломеј.
На списокот има членови на општински комитети, но и роднини на активисти на ВМРО-ДПМНЕ.
Без јавен конкурс, без јасни критериуми, без стручна селекција. Единствениот услов за вработување е партиската книшка и фамилијарната поврзаност со власта.


РЕК Осломеј, стратешки важна енергетска точка, наместо да биде дел од стабилен енергетски систем, власта го користи како алатка за партиски вработувања на грбот на народот.
Вака ли ВМРО-ДПМНЕ ќе го менува системот? За ова ли бараа доверба од граѓаните?
Сите ветувања за мерит-систем, професионализација и правична држава се фрлени во вода.
Секоја институција се претвора во испостава на ВМРО-ДПМНЕ, наместо сервис за граѓаните.
Наместо држава во која најдобрите напредуваат, добивме држава со вработувања по список, со јавна администрација претворена во партиска армија.
Затоа младите и способни луѓе заминуваат. Затоа јавните институции се неефикасни, а довербата во системот се урива.
Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да отвори предмет по сопствена иницијатива.
Бараме ЕСМ јавно да ги поништи сите незаконски вработувања.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува оваа партиска колонизација и ќе се бори против партизацијата што ја спроведува власта и уништувањето на институциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…