СДСМ: Отвораме нови перспективи за државата
„Собранието донесе државничка одлука, со усвојувањето на Заклучоците се обезбедува почеток на преговорите со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност“, соопштуваат утрово од СДСМ.
„Македонци кои говорат македонски јазик и билатерални и историски прашања надвор од процесот на преговри, така ги започнуваме и повеќе од заслужените преговори за членство во ЕУ.
Со тоа, отвораме нови перспективи за државата, нови можности за просперитет за граѓаните, од овде, и од денес па натаму, одиме напред со забрзан чекор за да се приклучиме кон европското семејство во кое многу скоро и официјално ќе се чуе нашиот македонски јазик.
Иднината на државата е обезбедена и таа е европска, со потврден, заштитен македонски јазик и идентитет со сите нишани.
Продолжуваме по европскиот пат како наша стратешка државна цел поставена уште од денот на независноста“, додаваат од Бихаќка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…