СДСМ: Отруена е цела Македонија, а никој од власта не одговара
„Поради тендер патриотите Христијан Мицкоски и Сашо Клековски, Македонија се претвори во држава во која граѓаните не знаат дали водата што ја пуштаат од чешма е безбедна. Над 50 населени места се со загадена вода. Во Гостивар цел град беше отруен, на 4.000 илјади граѓани побараа медицинска помош“, велат од СДСМ.
„Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле доцна. Панче Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање, испуштање вода од цевките и анализи на вода. Ја прогласија водата за техничка и дека може да се користи а никогаш не објавија анализа, резултат за водата, кој потпишал и кој одобрил. А Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има опасна бактерија.
Сега се најавува дека официјалните резултати од анализите, ќе бидат достапни на 20 август. Народот што да прави? Во меѓувреме, Владата склучила зделка вредна околу 100.000 евра за набавка на вода, без тендерска постапка.
Тотален распад на институциите и колапс на здравството. Прашањето е зошто Обвинителството молчи? Зошто досега никој од власта не одговара за Гостивар? Не може цела држава да се труе, а никој да не биде одговорен. Не може илјадници граѓани да бараат лекарска помош, институциите да признаваат дека задоцниле, а функционерите да продолжат како ништо да не се случило.
Кога се во прашање животот и здравјето на луѓето, одговорност мора да има“, соопшти СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Зошто и по шест недели по…
Соопштение на СДСМ Зошто и по шест…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се фали со одлуки на…
Венко Филипче сега се фали со одлуката…
Костадинов: СДСМ да предложи да се намалат…
Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде…
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…