СДСМ: Посветени сме на членството во ЕУ

t

„СДСМ како партија, која работи во интерес на граѓаните и на државата е посветена на членство во ЕУ. СДСМ ги започна преговорите за членство по 17 чекање, реална е шансата да има ново проширување унијата до 2030 година и ова е прилика којашто треба да се искористи. Македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ затоа што тоа значи подобар животен стандард, подобра инфраструктура, економски напредок, социјална правда, врвна демократија, подобро владеење на правото“ велат од владејачката партија.

Оттаму порачуваат дека „Потребно е усвојување на важни, државнички одлуки за реализација на оваа стратешка цел. Антиевропското делување на Мицкоски и ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата, ги носи во изолација, а не во интеграција“.

„Со лаги и манипулации за бугаризација и асимилација, за губење на јазикот и идентитетот, за бугарски диктат, без било каков аргумент против уставните измени ДПМНЕ го кочи европскиот пат. Изборот е интеграција во ЕУ и подобар животен стандард или изолација и бескрајно чекање на подобри времиња. Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени“ е партискиот став.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…

Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…

(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…

Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…

Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…

Претставници на Студентската листа, која победи на…

Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…

ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…

Македонија и во најновиот извештај на Европската…