СДСМ прашува што слави ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, од владејачката партија одговорија: „СДС заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност“

t

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гостивар, Бојан Зафироски ја критикува владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за неодговорност и за правење циркуз додека граѓаните на Гостивар со недели се соочуваат со криза за пивка вода.

Реакцијата на Зафироски доаѓа по најавената партиска прослава на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар по повод годишнината од основањето. Тој ја оценува како срамна во услови кога гостиварци се соочуваат со здравствен проблем.

„Што слави ВМРО вечерва во Гостивар? Тоа што го отруја цел град, како не ви е срам? Тие што го отруја цел Гостивар, поради кои нема вода пет недели, а над 5 000 граѓани беа заболени, денеска ќе слават. Граѓаните се со празни шишиња, без вода, а вие сте на партиски прослави. Сега со што ќе наздравите вечер додека славите?“,прашува Зафироски.

Тој посочи дека Гостивар и денеска од утринските часови повторно нема вода и дека премиерот Христијан Мицкоски ја „пуштил“ водата за пиење без соодветен документ и анализа, критикувајќи го што со недели не го посетило местото.

„Не се знае ниту сега дали водата е безбедна за пиење бидејќи не објавувате документ и анализа. Мицкоски од екскурзија ја ‘пушти’ водата за пиење без документ. Пет недели го нема да дојде во Гостивар. Сега вечерва ќе дојде ли да слави? Па ова е поголема брука од срамната здравица пред камери, овде на оваа чешма“,додаде претседателот на ОО СДСМ Гостивар.

Зафироски порача дека актуелната ситуација во градот бара итна одговорност, а не партиски прослави и циркуз, истакнувајќи дека за овој случај ќе мора да има одговорност.

Влајдечката партија пак, го впери прстот кон опозициската СДСМ.

Проблемот со водата во Гостивар е под надлежност на локалната власт. Градските водоводни системи, како и гостиварскиот водовод, се под директна ингеренција на општината. А, СДС во Гостивар е коалиција и дел од локалната власт, за што и самиот Венко Филипче си кажа кога бараше што поголем број партиски членови да се мобилизираат за да гласаат на локалните избори за Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа што заедно се дел од власта, СДС не бара ниту оставка, ниту го повикува на одговорност Лимани. Надлежните истражни органи водат постапка, целиот случај се истражува, а во предметот веќе се опфатени и веќе се приведени раководители на комуналното претпријатие под чија надлежност е снабдувањето на гостиварци со безбедна вода за пиење. Тоа што беше под надлежност на централната власт, во најкус можен рок беше преземено, што резултираше за нецели четири недели градот да се врати во нормала со безбедна питка вода и целосно исчистен водоводен систем. И кога СДС зборува за шишиња вода, повторно ги прашуваме, колку шишиња флаширана вода однесоа во Гостивар во моментите кога на граѓаните им беше најтешко. Нормално, ниту едно, посочуваат од владејачката партија.

Додека СДС беше зафатена со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а гостиварци секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода.

-Оттука многу јасно е дека срамот е единсвено на талогот на СДС, кој освен хистерија, конструкции и паника, граѓаните на Гостивар од нив не видоа ни една капка вода, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ прашува што слави ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар,…

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гостивар,…

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е…

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави…

МААЕ потврди: Во Сирија пронајден непријавен нуклеарен…

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откри…

Бугарија испрати вербална нота во Србија –…

Бугарската амбасада во Белград им предаде вербална…

Граната од Првата светска војна пронајдена во…

На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското…